еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Внуката на Горан Стефановски, Ана ги преведе неговите дела на италијански јазик

Ана Стефановска, ќерка на Влатко Стефановски, а внука на Горан Стефановски, ги преведе делата на нејзиниот чичко на италијански јазик.

„Пред многу години, му ветив на чичко ми Горан дека еден ден ќе ги преведам неговите драми на италијански јазик и благодарна сум им на сите оние кои ми помогнаа да го одржам ветувањето.

Првиот превод на делата на Горан Стефановски на италијански јазик е финансиран од страна на Министерство за култура и реализиран во соработка со италијанската издавачка куќа Cue Press.

Се надевам дека реализацијата на овој превод ќе и овозможи на италијанската публика да се запознае подобро со македонскиот јазик, книжевност и култура,“ напиша Ана на нејзиниот Фејсбук-профил.

Ана е доктор на науки во Италија и Франција, работи во Ирска, на University College Cork.

Приватно во слободно време работи на дигитализација на делата на чичко и Горан Стефановски.

Фото: Фејсбук/Ана Стефановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата, порача бугарскиот претседател Радев

Редакција

Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон и стигна до неговата 20 грен-слем титула: Кога бев мал, го изработував овој трофеј

Редакција

(Видео) Свиреше и Влатко Стефановски: Како изгледаше македонската вечер на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Редакција