еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Албанскиот претседател Мета го потпиша договорот за заеднички гранични контроли со Македонија

Претседателот Илир Мета објави дека го потпишал договорот со Северна Македонија за заеднички контроли на граничните премини.

-Програмата за соработка Северна Македонија-Албанија, чија главна цел е да придонесе во социо-економскиот развој на меѓуграничните области, како и да ја зголеми соработката меѓу двете пријателски земји го оценувам како реална подршка за потребите на двете земји, наведува Мета во образложението.

Договорот кој на 25 ноември го ратификува албанскиот Парламент, како што тогаш рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи предвидува на сите гранични премини на албанско – македонската граница ќе има само по еден контролен шалтер.

-Договорот се заснова на модели што ги имаме со другите земји кои ги подготвивме во консултација со мисијата ПАМЕКА во нашата земја. Главните цели се да се олесни движењето на луѓе и стока, да се зголеми соработката во исполнувањето на заедничките безбедносни интереси и брзата размена на информации, да се зајакне професионалниот капацитет на службениците на граничната полиција и да се контролира квалитетот на спроведувањето на законот за граничната контрола, рече Чучи.

Верувам, додаде, дека на сите им е јасно оти овој договор има за цел да ги „зајакне врските со нашиот сосед“ и веруваме дека тоа им служи на „нашите заеднички напори за ЕУ и иницијативата Отворен Балкан“.

Долж македонско – албанската граница функционираат граничните премини Блато и Џепиште (кој е од локален карактер и веќе функционира заедничка контрола) и двата кај Дебар, потоа Ќафасан кај Струга, Стење кај Ресен и Свети Наум кај Охрид.

МИА/Фото: Фејсбук/Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На располагање 4.930.000 евра за проекти за прекугранична соработка со Албанија

Редакција

Пуштен во употреба One-stop-shop на Ќафасан, граничниот премин со Албанија

Редакција

Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се пријателски и братски потег, задоволни сме ако и соседите бидат задоволни

Редакција