еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Заев – Ахмети – Ковачевски: Новата влада ќе биде целосно фокусирана на евроинтеграциите

Премиерот Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево во Владата имаа работна средба заедно со своите тимови, во рамки на консултативните средби за владините приоритети, за преземањето одговорности и за одржувањето и надградувањето на владиното и парламентарно мнозинство.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, било потврдено дека исполнета е целта да се обезбедат стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси.

– Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евро-атлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија, се вели во владиното соопштение по средбата.

Следните парламентарни избори, како што се наведува во соопштението, се очекува да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а дотогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Мицкоски се сретна со Ахмети: Предвремени избори час поскоро, во преговорите со Бугарија да се покаже карактер

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Расте црниот биланс од катастрофалниот земјотрес на турско-иранската граница

Редакција

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

Редакција

Од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“: Премиерот на Косово, Курти присуствуваше на преименување на улица во Чаир

Редакција