еМагазин
Image default
Македонија

47-годишен вработен во битолскиот затвор починал од Ковид-19, заразени и 16 осуденици

Едно лице на 47 години, вработен во битолскиот затвор „Црн мост“ починал во болнички услови како последица од Ковид-19, објави Независен.

Во исто време во затворот позитивни на вирусот се 16 осуденици со полесни симптоми, освен едно лице кое е примено да се лекува во битолската болница.

Директорката на Битолската клиничка болница д-р Билјана Гагачовска за Независен потврдува дека вработениот во битолскиот затвор десеттина дена бил со симптоми пред да побара болничка лекарска помош.

„Пациентот беше примен во тешка состојба со добиен податок дека десеттина дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември“, вели Гагачовска.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца Албанци, со 10 евра сакале да поткупат полицајци, во автомобилот им нашле и дрога

Редакција

Анкета: Еден од двајца Грци сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока

Редакција

Гаши го одби Мицкоски, не сака да биде премиер

Редакција