еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите граѓани од САСА

Во согласност со востановената традиција, рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, и оваа година повторно обезбеди новогодишни подароци на сите деца во градинките и основните училишта во Македонска Каменица и населбата Саса, информираат од таму.

Дополнително, вкупно 132 социјално ранливи лица и семејства добија пакети со храна и средства за хигиена за да им помогнат во текот на празничниот период.

„Среќен сум што и оваа година продолжува традицијата на новогодишно дарување која и покрај предизвиците што ги создаде пандемијата, донесе радост кај децата и ќе им помогне на социјално ранливите семејства да ги дочекаат празниците во добро расположение.

Сакам да искажам благодарност до САСА што го овозможи ова и уште еднаш покажа дека е компанија која се грижи и придонесува за благосостојбата на целата заедница“, рече градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Во знак на благодарност САСА обезбеди новогодишни подароци и за екипите на итната медицинска помош, противпожарната бригада и полицијата во Македонска Каменица, како и на вработените во рудникот кои за новогодишната ноќ ќе бидат на работа.

Дополнително, сите вработени во САСА, покрај редовната плата, се наградени со новогодишен додаток на плата и пригодни подароци.

„Со оваа традиција сакаме да овозможиме сите членови на нашата заедница и секако најмладите да ја почувствуваат радоста на претстојните празници. Воедно, сакаме на сите наши сограѓани да им ги честитаме претстојните празници и да им посакаме добро здравје, среќа и многу успех во годината што доаѓа.

Како и секогаш, голема благодарност мора да упатиме до нашите посветени вработени кои се клучни во обезбедувањето успех за САСА и за сите нас“, изјави во оваа прилика директорот за одржливост во Рудник САСА, Ивица Талевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамстор Македонија – Успешна компанија со еднакви можности

Редакција

Хуманитарна кампања „Во Веро направи добро дело за СОС Детско село“

Редакција

Премиера на претставата „Сите сме птици“ на Слободан Унковски, на 17 декември во МНТ

Редакција