еМагазин
Image default
Бизнис

Плаќањето со картички зголемено за три пати во однос на лани, велат од Народна банка

Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на Ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување, информираат од Народна банка

„И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во земјата сѐ повеќе се користат од страна на граѓаните за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до висок годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 16% и 14,9%, соодветно.

Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8%), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година.

Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8%, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година,“ велат од Народна банка.

Од аспект на плаќањата со кредитен трансфер, во третиот квартал од 2021 година, исто така е забележан висок раст кај плаќањата на граѓаните, при што годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3%, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6%.

Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на Ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата.

Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2% на годишна основа кај бројот, односно за 31,4% кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9% кај бројот, односно од 30,8% кај вредноста на остварените трансакции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито Полог во првото полугодие во загуба

Редакција

Зголемување за 87,5%: Исплатените штети за приватно здравствено осигурување достигнаа 1,5 милиони евра

Редакција

Кипар е нова хит дестинација за летово: Чартер летови Скопје-Ларнака

Редакција