еМагазин
Image default
Македонија

Сите детали: Како да поднесете барање за проценка штета по синоќешниот земјотрес во Битола

После серијата земјотреси кои ја зафатија Општина Битола на ден 09.01 и 10.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола, информираат од Општината.

Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, фотографии од оштетениот објект, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено.

Барањата можат да се доставуваат од вторник 11.01.2022 до среда 26.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот.

Барањето може да се преземе од следниот линк bitola.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По синоќешниот земјотрес превентивно затворена детска градинка во Битола

(Фото) Предивикал напукнување на ѕидови во некои објекти: Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски-Матарела: Без влезот на земјите од Западниот Балкан, Европската Унија нема да биде целосна

Редакција

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го цензурирал говорот на Христијан Мицкоски во Кичево

Редакција

Заев: Ако опозицијата сака избори може да се одржат во октомври 2020 година

Редакција