еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски призна дека преговара со Алијанса за Албанците за нивен влез во Владата

Разговорите со Алијанса за Албанците (АА) во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласиме по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека се разговара со АА и за нивен евентуален влез во владината коалиција, Ковачевски изјави дека одговорот на Ахмети не се разликува од одговорот кој што тој веќе го дал по средбата во петокот со Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средбата на Ковачевски со Таравари била продолжение на лидерската, вели премиерот

Таравари по средбата со Ковачевски: Засега не се разговара за влез во Влада

–Одговорот што го даде претеседателот на ДУИ, Али Ахмети не се разликува многу од одговорот којшто јас го дадов, од причина што јас кажав дека со партијата Алијанса за Албанците особено со нејзиниот в.д. претседател, Арбен Таравари, разговарав за европската иднина на државата и сите одлуки коишто треба да се носат.

Исто така, кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии коишто ја делат таа визија и дополнително кажав дека разговаравме конкретно и за сите оние закони и реформи коишто се однесуваат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, и економските политики, односно антикризните мерки за справување со оваа огромна економска и енергетска криза во којашто се наоѓа и земјата и Европа, рече премиерот Ковачевски.

Тој при тоа додаде дека не се разговарало конкретно за ресори и оти разговорите ќе продолжат.

-Но, секако дека разговорите ќе продолжат и доколку се усогласиме комплетно на овие основни принципи за иднината на државата, а во тоа не се сомневам, бидејќи Алијанса за Албанците секогаш и во изминатиот период покажа дека ги поддржуваше сите одлуки коишто се однесуваат за европската иднина на државата, така и другите законски решенија што беа предложени, сметам дека во иднина доколку разговорите продолжат во добра волја и во позитивен дух како до сега, може да се случи и проширување на владиното мнозинство, подвлече Ковачевски.

Во контекст на изјавата на Таравари дека АА во овие разговори има свои црвени линии, и дали тие се пречка за да продолжат консултациите, Ковачевски рече дека во секои разговори и преговори, нормално е секој од учесниците да има минимум услови кои мора да бидат исполнети.

За тоа дали разговарале со коалицискиот партнер Алтернатива според која владиното мнозинство е стабилно и нема потреба од негово проширување, Ковачевски се согласи дека Владата е стабилна, со 64 пратеници што се потврдило со изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и на двајцата уставни судии.

Кажа дека со дел од коалициските партнери, секојдневно комуницира на одреден распоред, како и со министрите од Алтернатива, но дека се уште тоа не било тема на разговор со нив.

–Не сме разговарале, меѓутоа мислам дека доколку сите сме определени за продолжување непречено на патот на државата во европските интеграции, тогаш мислам дека лесно ќе ги постигнеме сите согласности, смета Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети го дематира премиерот, вели дека со Ковачевски се во преговори со Алијансата за Албанците за нивен влез во Владата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето против сопственикот на „Доказ“ одложено, Стаменковски бара обвинител од друг град

Редакција

Кои се новите членови на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност?

Редакција

Комерцијална банка на тројца членови на Управниот одбор лани им исплатила 876.000 евра за плати и надоместоци

Редакција