еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Предивикал напукнување на ѕидови во некои објекти: Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево

Земјотресот со магнитуда од 5,3 степени што синоќа во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево, кои во голем број ги напуштија своите домови.

Граѓани од трите града велат дека потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема.

Тресењето на станбените објекти проследено со силен звук ги принуди жителите да ги напуштат домовите. Некои се во своите возила на паркинзите, а дел изјавиле дека ноќта ќе ја минат под отворено небо.

По првиот најсилен земјотрес, до полноќ почувствувани се уште неколку послаби..

Четириесет и пет минути по првиот потрес интернетот и мобилните телефони во Битолско не функционираа и беа во прекин.

Како што јави дописничката на МИА од Грција, според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил на грчко-македонската граница, шест километри северозападно од градот Лерин.

За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за земјотресот од Сеизмошока опсерваторија при ПМФ

Силен земјотрес во Лерин, почуствуван и во Македонија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште трае потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско езеро

Редакција

Зголемен број на позитивни и со тешка клиничка слика од Ковид-19 во Делчево

Редакција

Шекеринска за повикот војската да помогне за загадувањето: Пуштање Армија на улица е прогласување на вонредност

Редакција