еМагазин
Image default
Македонија

Општина Битола доби владина поддршка за справување со штетите од земјотресот

Вицепремиерот Љупчо Николовски и министрите Горан Милевски, Благој Бочварски и Јетон Шаќири дадоа јавна поддршка на Општина Битола за справување со предизвиканите штети од неодамнешниот земјотрес што го зафати овој град.

Според градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, високата владина делегација ја согледала состојбата во градот предизвикана од земјотресот, но приликата била искористена за обезбедување и на друга владина поддршка за тамошната локална самоуправа.

-Министрите презедоа обврска да помогнат и го прифатија нашиот повик да излезат во пресрет на барањата поврзани со подмирување на штетите. Се согласивме дека треба заеднички да дејствуваме во интерес на граѓаните, кои само во текот на вчерашниот ден имаа поднесено стотина барања за утврдување на предизвикана штета од земјотресот.

На средбата со владините претставници потсетивме дека Владата се уште не ги исплатила средствата за надомест на штети предизвикани од поплавите во 2018 година, а очекуваме и забрзување на постапката за санација на мостот на реката Драгор, која е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, истакна градоначалникот Коњановски.

На прес-конференција во Битола, Николовски посочи дека институциите мора да се во служба на граѓаните.

-Владата е целосно подготвена да бидат санирани сите штети, посебно во јавните институции кои се битни за сите граѓани, како што се Клиничката болница, детските градинки и училиштата, и тие мора да функционираат.

Паралелно очекуваме избраната стручна комисија да направи реални проценки за обесштетување на граѓаните кои пријавиле штета од неодамнешниот земјотрес. Оваа координација е модел како треба институциите заеднички да работаат во интерес на граѓаните, посочи Николовски.

Во изјава за медиумите Милевски истакна дека Владата веднаш и позитивно реагирала на барањето од Општина Битола за помош по неодамнешниот земјотрес.

-Помошта ќе се реализира на две нивоа, првото е врзано со санација на јавните институции, односно Битолската болница, која мора да биде во функција, како и детските градинки и училиштата кои иако се во надлежност на локалната самоуправа, сепак Владата треба да ги санира.

Според информациите од Општина Битола штетите во селата кои се блиску до грчката граница се поголеми и затоа и таму ќе биде зголемен степенот на итност, посебно кај виталните објекти.

Владата и Општина Битола соодветно ќе ги обесштетат сите граѓани, рече министерот Милевски и додаде дека ова е начинот, независно кој е власт или опозиција, заедно да работиме во интерес на граѓаните.

Министрите и пратеничките Бисера Костадиновска Стојчевска и Силвана Ангелевска, во придружба на својот домаќин, градоначалникот Тони Коњановски извршија увид на дел од оштетените објекти по земјотресот во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Снимка од надзорна камера покажува колку беше силен земјотресот во Битола

(ВИДЕО) Распукани ѕидови, луѓе на улица: Како изгледаше Битола по земјотресот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кацарска побара од Судскиот совет да го „расчисти“ сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова

Редакција

Заев: Јас и Мицкоски не сме правници за да дебатираме за предметите на СЈО

Редакција

ПЦР тестирање и вакцини, без карантин, за бегалците од Авганистан

Редакција