еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што разговарале Мицкоски и Петков

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати, информира партијата во соопштение за средбата на партискиот лидер со бугарскиот премиер Кирил Петков, која вчера се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

 На средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со односите на двете земји.

-Она што беше посочено е потребата за градење доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави.

Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е наведено во партиското соопштение, Мицкоски на средбата посочил дека наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и заемно почитување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Петков да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин, тогаш ќе верувам дека не го спорат нашиот идентитет

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната бара од Апелација укинување на притворот за Боки 13

Редакција

До вторник облачно и врнежливо, од среда стабилно со пониски дневни температури

Редакција

Алијансата за Албанците и Беса даваат поддршка СЈО да биде посебен орган во рамки на Јавното обвинителство

Редакција