еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Петков да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин, тогаш ќе верувам дека не го спорат нашиот идентитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со членството во ЕУ, во гостување во телевизијата 24, истакна дека од ЕУ не треба да се откажеме, но не и преговори по цена на идентитетот, тоа според него не е европски и тоа значи дека не споделуваме исти вредности.

-Ние не треба да се откажеме од Европската унија, но не треба и да коленичиме, ЕУ по секоја цена не, ако тоа не чини постоењето и идентитетот, тогаш не споделуваме исти вредности со овој партнер, затоа што јас никогаш нема да го негирам правото на соседот да се определи и да има посебна култура и засебен идентитет и тоа да биде услов за некој да не крене рака, тоа не е европски, туку е далеку од европските вредности, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека се додека имаме меѓународна политика каква што имаме, се додека на отворена сцена се газат преговарачките позиции како што тоа го направи Маричиќ, што претходно го правеше Бучковски, како Заев, во еден период Димитров, а Бујар Османи континуирано, ние и континуирано ќе губиме и од ништо ќе ни се случуваат вакви проблеми, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е наше да кажуваме какво малцинство има во Бугарија, вели Маричиќ за изјавата на Петков дека нема Македонци

Мицкоски говореше и на темата Бугарија и изјава на премиерот Петков и рече дека чудно е истовремено да велите дека не го спорите определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знаете дека постои македонско малцинство во Бугарија кое што има 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права.

– Добро би било еве оваа влада “проевропска и прогресивна” влада која ја предводи Петков да имплементира барем една од тие пресуди на Европскиот суд за човекови права и да им дозволи на луѓето од ОМО “Илинден – Пирин” барем да се регистрираат како политичка партија и тогаш јас ќе верувам дека навистина тие не го спорат нашиот идентитет, никој не го спори постоењето на македонскиот јазик итн., рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека ова е позната реторика и ги охрабри новинарите денеска да му постават неколку прашања на Петков, меѓу кои и дали Гоце Делчев бил Македонец и дел од македонскиот народ, кој е различен од бугарскиот, кој бил тој што го предводел Илинденското востание и зошто мора секогаш да се инсистира кога станува збор на македонскиот јазик, да стои со фуснота согласно Уставот, односно индиректно се имплицира дека тој постои практично со постоењето на Уставот на Македонија, од 1991 година.

Мицкоски, исто така рече дека доколку новинарите не го прашаат за овие прашања, ќе го праша тој на средбата која ќе ја имаат денеска и ќе ги каже позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков тврди оти Бугарија не ги оспорувала Македонците и македонскиот јазик

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пендаровски во Охрид се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Редакција

Денеска завршни зборови на одбраната за „Талир 2“

Редакција

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

Редакција