еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Наредните денови многу студено, утрата и до -15 степени

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.

Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август

Редакција

УХМР со најнова прогноза: Од среда снежна покривка во поголемиот дел од државата

Редакција

Левица: „Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ“

Редакција