еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Србија се подготвува за изградба на граничниот премин Миратовац-Лојане со Македонија

Српската републичка дирекција за имот го огласи претходното соопштение за датумот за распишување на тендерот за изработка на планска документација за седум гранични премини, меѓу кои е и граничниот премин Миратовац-Лојане со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Тендерот се планира да се распише на 9 мај, а како што соопшти бизнис порталот Екапија, станува збор за граничните премини Јаша Томиќ, Калуѓерово, Келебија, Ѓердап 1, Јабука, Љуба и Миратовац-Лојане.

Сите споменати гранични премини се веќе постоечки, па се претпоставува дека за нив ќе се направат проекти за реконструкција, освен за граничниот премин Миратовац-Лојане, кој целосно треба да се изгради.

На крајот на 2019 година Србија и Северна Македонија потпишаа договор за воспоставување нов заеднички граничен премин Миратовац-Лојане.

Во февруари минатата година, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија прави се за да го отвори новиот граничен премин Миратовац-Лојане, дека има значителен интерес од Албанците кои живеат од другата страна на српската граница овој премин да се отвори, „но дека тоа е не е едноставна и лесна работа“.

– Не поради политички причини, туку затоа што треба секојдневно да плаќате луѓе кои ќе работат, тоа се наши зголемени трошоци, а ние бараме да ги намалиме трошоците, но не грижете се и таа работата ќе ја завршиме, кажа Вучиќ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епископ Партениј по настапот на монашкиот хор на Бигорски манастир во Атина: Ваквите настани ќе допринесат за поголемо зближување на нашите два братски православни народи

Редакција

Бењамин Руси назначен за почесен конзул на Косово во Дебар

Редакција

Многу успешен разговор со Заев и Рама во пресрет на Форумот во Скопје на 29 јули, оцени Вучиќ

Редакција