еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

НАТО повикува на смирување на тензиите околу Украина и нуди дијалог на Русија

НАТО вчера и испрати на Русија писмен одговор на нејзините барања, велејќи дека безбедносната криза во Европа може да се реши со дијалог и дипломатија.

„НАТО ја повикува Русија итно да ја деескалира ситуацијата. Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста на Русија и цврсто веруваме дека тензиите и споровите можат да се решат преку дијалог и дипломатија“, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

НАТО и испрати писмен одговор на Москва за барањата на Москва – сојузниците да ги повлечат своите трупи од источните членки и да гарантираат дека Украина никогаш нема да биде членка на НАТО.

Русија распореди околу 100.000 војници на границите на Украина, истовремено истакнувајќи дека нема планови за напад.

Столтенберг рече дека Русија продолжува да распоредува војници во близина на Украина и распоредува илјадници војници и модерно оружје во Белорусија.

„Тензиите продолжуваат да растат“, предупреди Столтенберг, истакнувајќи дека Русија распоредува војници во Белорусија под превезот на воена вежба.

Столтенберг рече дека НАТО никогаш нема да прави компромиси за неговите основни принципи, кои вклучуваат заштита на сите сојузници и правото на секоја земја да избере на кои безбедносни аранжмани да се приклучи.

„НАТО е одбранбен сојуз, нема да бара конфронтација, но ќе ги преземе сите мерки за да ги заштити сојузниците“, рече и додаде дека се надева на поволно решение на актуелната криза, но дека НАТО е подготвен за најлошото.

„Се уште е можно политичко решение“, рече Столтенберг.

САД не направија отстапки за главните барања на Русија кон Украина и НАТО.

„Нема промена, нема да има промена“, изјави вчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Дипломати од Русија, Украина, Франција и Германија вчера одржаа разговори повеќе од осум часа за ставање крај на сепаратистичкиот конфликт во источна Украина, кој е една од причините за кризата меѓу Украина и Русија.

Преговорите во т.н „нормандски“ формат беа добар сигнал од Москва и чекор напред во намалувањето на тензиите, но останаа големи разлики и се планираат нови разговори за две недели во Берлин, изјави француски функционер.

Несогласувањата меѓу Западот и Русија беа во полн ек вчера кога американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе размисли за воведување санкции лично за Путин доколку Русија ја нападне Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека личните санкции против Путин би биле „политички деструктивни“ и непотребни, бидејќи на највисоките руски државници не им е законски дозволено да чуваат имот, имот и банкарски сметки во странство.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба изјави дека бројот на руски војници на границата со Украина се уште е недоволен за да се изврши целосен напад врз неговата земја.

„Тоа не значи дека одреден временски период нема да можат да го зголемат на доволно ниво“, предупреди вчера министерот.

„Сите индикации се дека рускиот претседател Владимир Путин ќе употреби воена сила во одреден момент, можеби до средината на февруари“, рече американскиот заменик државен секретар, Венди Шерман, уверувајќи дека не знае дали тој „донел конечна одлука“ за офанзива.

Еден ден откако САД и испорачаа на Украина противтенковски ракети, минофрлачи и друго оружје, Германија беше критикувана затоа што објави дека ќе испорача на Киев 5.000 воени шлемови, но нема да обезбеди оружје.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, за Билд изјави дека ова е потсмев.

„Каква помош ќе испрати Германија после тоа? Перници“, праша тој.

Шефот на германската дипломатија, Аналена Бербок истакна дека заедничка цел на Западот останува заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската амбасада реагира на изјавите на министерката Петровска за Украина

Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. вели министерката Петровска

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво да се потрошат залихите па ќе се намалат цените, вели Бектеши

Редакција

Павле Трајанов: Протоколот со Бугарија е контроверзен, да не се потпишува

Редакција

Сведоштво на пациентка заболена од корона вирусот: Вечно сум благодарна што ми го спасија животот

Редакција