еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

ССМ пред средбата со Владата: Бараме да се прифатат барањата за зголемување на минималната плата и исплата на К-15 за јавниот сектор

Работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците, така и на утрешната средба во Владата, порачуваат од ССМ и бараат веднаш да се прифатат нивните барање.

-Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори, која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност.

Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП, велат од ССМ.

Согласно аргументите, анализите и фактите, потенцираат, бараме во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компаниите кои без објективни причини не ги намалуваат цените не треба да добиваат субвенционирана струја, смета Ковачевски

Редакција

Ново покачување на платите во „КАМ маркет“

Редакција

Од денеска може да се аплицира за финансиска помош за исплата на минималната плата, велат од УЈП

Редакција