еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да не се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција, да си провери во орманот каде има диво приклучен кабел за струја

На Фејсбук статусот на лидерот на ДУИ, во кој Али Ахмети се пожали дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ постојано му правеле штети на партијата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

“Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија, Отворен Балкан каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК и Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово.

Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција.

Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот краде највеќе.

И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен. Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од закон, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија„, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) На Ахмети му се виновни СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зошто ДУИ ја обвинуваат за криминал и корупција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ

Редакција

Адвокатката на семејствата на жртвите, Ивановска: Долго ги чекавме „бомбите„ за „Монструм“, но во нив нема ништо суштинско

Редакција

Македонија ќе бара одложување на одлуката за аплицирање на граѓаните за влез во ЕУ и плаќање по седум евра

Редакција