еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија и Кина заедно против проширување на НАТО

Русија и Кина во заеднички став, го критикуваа „негативното влијание на САД во Европа и азиско-пацифичкиот регион“ и се спротивставија на „натамошното проширување на НАТО“, беше соопштено по денешната средба меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Си Џинпинг.

Средбата се одржа во Пекинг пред денешното отворање на Зимските олимписки игри во главниот град на Кина.

Во заедничкиот документ, Русија и Кина го повикаа НАТО „да се откаже од пристап заснован на Студената војна“ и изразија сериозна загриженост за одбранбениот сојуз меѓу Австралија, Велика Британија и САД.

„Вашингтон има негативно влијание врз стабилноста и мирот во азиско-пацифичкиот регион“, се додава во соопштението.

Во исто време, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека на САД не може да им се верува во однос на тензиите на руско-украинската граница.

– Би препорачал да не му се верува на Стејт департментот во овие работи, рече Песков, осврнувајќи се на наводите на американските разузнавачки служби дека Русија планирала да измисли напад од Украина за да создаде повод за напад на својот сосед.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјава не се снабдува со природен гас од гасоводот преку Украина, нема простор за грижа, велат од Влада

Редакција

Новите двајца директори на М-НАВ, Хекуран Асани и Милан Кораќ ќе стапат на функција следната недела

Редакција

Осумгодишно дете почина по напад од домашно куче во скопска Пинтија

Редакција