еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло, рече Радев на свечена церемонија во Благоевград

Со свечена поворка во центарот на Благоевград, која заврши на плоштадот „Македонија“, вчера беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, јави дописникот на МИА од Софија.

Присуствуваа претседателот на Бугарија, Румен Радев, премиерот Кирил Петков, градоначалникот на Благоевград, бугарски европратеници и голем број граѓани на Благоевград и регионот.

Претседателот Радев во својот говор рече дека Гоце Делчев го посветил својот живот на слободата на Македонија и Одринско и дека затоа не треба да има поделби од двете страни на границата.

-Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло. Делчев и како егзархиски учител во Штип, а потоа и како кадет во бугарската војска,  целиот свој живот го посветил на слободата на Македонија и Одрин, рече Радев.

Шефот на државата посочи дека Гоце Делчев во текот на животот останал длабоко убеден во идеите за хуманизам, социјална правда, солидарност и братство меѓу луѓето, отфрлање на секаква тиранија и национално угнетување.

-Неговите зборови дека светот го доживува само како „поле за културен натпревар меѓу народите“ најдобро ги опишуваат размерите на идеите, верувањата на оваа неверојатна личност, рече Румен Радев.

Петков од своја страна на насобраните им порача дека историјата треба да се памети и чита, но најважно е да се разбере. Гоце Делчев го дефинираше како симбол на слободата и затоа, рече тој, многу е чудно како некои се обидуваат да ја искористат неговата личност за разделба.

Во својот говор Петков ги праша граѓаните дали е нормално некој да се обидува да ја искористи личноста на Гоце Делчев за да ги подели луѓето од двете страни на границата. Дали е нормално луѓето од двете страни на границата, луѓето кои гордо ги именуваат градовите, училиштата, улиците и плоштадите по името на Гоце Делчев да бидат разделени и дали денес сме ја сфатиле историјата и ги следиме нејзините принципи.

На крајот од својот говор Петков ги цитираше зборовите на Гоце Делчев: „труд и истрајноста – тоа е силата со која човекот станува најголем во секој потфат“.

Вршителот на должноста амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски положи венец на споменикот на Гоце Делчев.

Во Софија, пред споменикот на Гоце Делчев во Борисова градина, претставници на македонските семејства и голем број граѓани се собраа и положија цвеќе во знак на благодарност за неговото дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков: Ја славиме годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови, бугарскиот револуционер Делчев

Стојанче Ангелов: Гоце Делчев бил Бугарин онолку колку што се Бугари, Македонците кои денес имаат бугарски пасош

„Не постои ни еден документ дека Гоце Делчев се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија„: Реакција на Здружението на историчари на Македонија

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Второто полугодие почнува со физичко присуство, ќе се прави склучаен скрининг на учениците

Редакција

Две години од почетокот на војната во Украина, нема абер да заврши

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони вработува 13 лица, плата до 31.330 денари

Редакција