еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Падна договор: Минималната плата од март ќе изнесува 18.000 денари

Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.

„80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.

Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.

Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните,“ напиша Ковачевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Дарко Каевски, еден од обвинетите во случајот со спортските ваучери на АМС

Редакција

Драматичен раст: 792 нови случаи на Ковид-19 од 9.270 тестирањa

Редакција

Договор од 3,2 милиони евра склучи Град Скопје со Енерџи деливери солушнс

Редакција