Полику Авдиу, шивач во компанијата „Текстил Солушн“ стана хит на социјалните мрежи, откако јавно му се заблагодари на премиерот Димитар Ковачевски за покачениот минималец, кој од март треба да изнесува 18.000 денари.
Авдиу живеел 18 години во Германија, а веќе осум години работи во „Текстил Солушн“, која денеска ја посети премиерот, заедно со министерката за труд и социјални работи, Јована Тренчевска.
“Сега 18.000 денари мислам дека не е многу, ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини и продуктивноста ќе расте“, изјави Авдиу, кој не штедеше пофални зборови за Владата.
Фото/видео: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.