еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Пуштен во употреба бројот за итни случаи 112: На едно место се добиваат услуги на полиција, Брза помош и противпожарна бригада

Премиерот Димитар Ковачевски, евроамбасадорот Дејвид Гир и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов официјално го пуштија во употреба бројот за итни случаи 112.

Македонските граѓани, отсега кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.

Итниот број 112 е предвиден како додаток на постоечките броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните .

Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи беше поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош.

Директен корисник е Центарот за управување со кризи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа

Редакција

(ВИДЕО) Почина легендарниот Зафир Хаџиманов како последица од компликации со Ковид-19

Редакција

Мултимедијална изложба на Илина Арсова во НЛБ Галерија

Редакција