еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Плацови на Водно“ продолжува на 18 февруари

Следното рочиште за случајот „Плацови на Водно“ е закажано за 18 февруари.

На денешното рочиште за овој предмет беше сослушан и поранешниот советник во Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, кој ја појасни процедурата на носење на ГУП-от за Град Скопје, за која рече дека била иницирана уште од времето на Трифун Костовски.

Тој наведе дека на седницата за носење на ГУП-от, во 2012 година гласале вкупно 26 советници, меѓу кои и советници од опозицијата.

– Ниту претседателот Груевки, ниту пак некој друг во државата ми сугерирал како да гласам за носење на ГУП-от во 2012 година, рече Бичиклиски.

Случајот „Плацови на Водно“ го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, а неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”.

Сашо Мијалков, кој е прв братудед на Груевски, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коце Трајановски сведочеше на судењето за „Плацови на Водно“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петата жртва од експлозијата на плинска боца во Романовце

Редакција

Вкупно 2.121: Од Ковид-19 починаа 25 лица

Редакција

Починаа пет нови пациенти од корона вирусот, најмладиот од нив на 48-годишна возраст

Редакција