еМагазин
Image default
Македонија

Осум лица работеле за Касами во декември, општината им исплаќала по 10 денари

Општина Тетово го објави списокот на договори на дело склучени со Општина Тетово за месец декември 2021 година.

Има вкупно осум доброволни договори од по 10 денари, соопштија од Општината на Фејсбук.

„Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник. Овие договори се склучени меѓу физички лица и Општина Тетово.

Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на Општина Тетово на Фејсбук“, се вели во постот на општината.

Општина Тетово претходно објави листа на 811 договори кои претходното раководство ги склучило со 544 лица во износ од 9.000 до 30.000 денари.

Половина од лицата земале пари, но не работеле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

294 вработени во Општина Тетово не работеле, а земале плата, тврди Касами

Детална листа: Општина Тетово го објави списокот на сите договори на дело склучени со општината за 2021 година

Фото: Општина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

92 се реинфекции: 465 нови случаи на Ковид-19 од 1.707 тестови

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти, а вкупно се лекуваaт 675

Редакција

Шест новозаболени, 18 оздравени од Ковид 19 во кумановско

Редакција