еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Кампања на ЗНМ и ОБСЕ за промоција на етичките и професионалните стандарди во медиумите

Кампањата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и ОБСЕ која е на три јазици, македонски, албански и англиски, има за цел  да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава, информираат од ЗНМ.

Исто така, целта е да се зголеми јавната свест кај пошироката јавност за штетните ефекти од вербалните напади како што е говорот на омраза и секако да се крене свеста за физичките напади.

Идејата е преку видеата да се потсети јавноста да избегнува родово насочени навреди и да се илустрира важноста на улогата на професионалното новинарство во едно демократско општество и да се стави акцент на слободниот пристап до информации кој е од клучно значење за јавноста.

Првото видео со наслов „Медиуми, слобода на говор и демократија“ зборува токму за начинот како да се стигне до бараната информација.

Второто видео ги обработува предизвиците со кои се соочуваат новинарите во обид да ја информираат јавноста, односно во ера на зголемена дигитализација и брз проток на информации, предизвикот е вистинската вест да исплива на површина во морето од шпекулации и непроверени вести.

Третото видео зборува за тоа дека безбедноста на новинарите е клучна во обезбедувањето пристап до информации.

Кампањата е дел од проектот „Промовирање на заштита на новинарите и на етички и професионални стандарди во медиумите“ кој е реализиран со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ќе биде активна во следните 15 дена на дигиталните медиуми во Северна Македонија.

Видеата се бесплатни за преземање и објава од страна на медиумите со цел дополнително да се придонесе кон кревање на свеста кај граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

Редакција

(Фото) Кои се новите топ 10 најуспешни жени менаџери за 2019 избрани од агенцијата „Марили“

Редакција

Одбележување на Светскиот ден на млекото: Бимилк и ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола со донација на детска креативна патека

Редакција