еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Кој се и како ќе може да ја користи 5G мрежата на Македонски телеком

Засега, 5G мрежата на Македонски телеком ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5G уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite, информираа на денешната прес конференција од компанијата.

Процесот на 5G сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тромесечие од годината.

Македонски Телеком е во екот на имплементацијата на новата 5G радио пристапна мрежа и за половина година успеа да обезбеди покривање со 5G сигнал на 15 градови и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.

Од овој месец започна имплементацијата на 5G во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до 5G услуги.

До крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени 26 градови во Македонија.

Можностите на 5G технологијата ќе бидат достапни во тарифите: Ultra – вклученo во претплатата, без потреба од активација, Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited без дополнителен надомест, со активација на услугата преку апликацијата TelekomMK.

Во промотивниот период, 5G ќе може да се активира без дополнителен надомест и кај корисниците на Magenta 1 M и Mobile M преку апликацијата TelekomMK.

Пристапот на 5G мрежата ќе биде овозможен без дополнителен надомест и за деловните корисници, во тарифите Magenta1 Business L/Business L и Business XL/XXL со автоматска активација, а за корисниците на Magenta1 Business M и Business M со активација преку апликацијата TelekomMK.

Листата на смартфони коишто се сертифицирани за 5G постојано ќе расте и ќе се надополнува со нови модели.

-Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латенција во комуникацијата. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.

Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години, заедно со растот на можностите на новите технологии, информираа од компанијата.

Сите информации за 5G, покриеноста на територијата, информации за производи и уреди, како и детали за можностите на оваа технологија ќе можете да ги најдете на овој линк, додека за деловни корисници на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетници прво силувале, а потоа убиле 67-годишната жена од Струмица

Редакција

Да бидеме искрени, Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина, вели естонскиот министер за одбрана

Редакција

„Бугарите викаат Гоце Делчев бугарски пасош имал“: Твитер реакции за Захариева

Редакција