еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Двајца загинати и 12 повредени војници: Украина пријави 84 гранатирања од страна на проруските сепаратисти

Украинската војска денеска соопшти дека двајца украински војници се убиени, а 12 се повредени при гранатирање од страна на проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите 24 часа, што е најмногу жртви оваа година.

Украинските сили на својата Фејсбук страница објавија дека пријавиле 84 случаи на гранатирање од непријателски камп.

Според украинската војска, со употреба на тешка артилерија биле гранатирани околу 40 населени места и позиции долж линијата на контакт.

Украина ја обвинува Русија за предизвикување насилство и смета дека Москва тоа го искористи како изговор за официјално признавање на двата источни украински региони Доњецк и Луганск како независни и за движење на војниците во регионот, со што ја забрза кризата.

Во 64 од пријавените случаи на гранатирање, противниците на украинските сили користеле оружје што е забрането според договорите од Минск за источна Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин нареди распоредување на руски војници во источна Украина

(Видео) Путин ги призна украинските области Доњецк и Луганск како независни држави

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската амбасадорка убедена оти „Бехтел“ работел транспарентно и законски, опозицијата критикувала заради политички поени

Редакција

Се забранува собирање во група, повеќе од 5 лица во паркови и на други јавни места и површини

Редакција

46-годишен маж загина откако возилото му излетало од патот Кичево-Охрид

Редакција