Москва го забави темпото на офанзива, соопшти денеска, украинската војска, за време на петтиот ден од нападот врз Украина.
„Руските окупатори го забавија темпото на офанзивата, но и натаму се обидуваат да постигнат напредок во некои зони“, се наведува во соопштението на Генералштабот на украинската војска.
Украинското претседателство соопшти синоќа дека Киев прифати преговори со Русија. Преговорите треба да се одржат денеска кај белоруската граница, недалеку од Чернобил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Руската рубља драматично паѓа, Русите панично вадат пари од банкоматите
МИА/Фото: Руско министерство за одбрана
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.