еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Франција со обучувачки летови на воени авиони над БиХ

Мировните сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) соопштија дека Франција од денеска ќе врши обучувачки летови на воени авиони над БиХ, поради влошената меѓународна безбедносна ситуација.

„Носачот на авиони „Шарл де Гол“ моментално спроведива оперативна обука во Медитеранот, а од понеделник 7 март, неговите авиони Рафал ќе летаат над Западен Балкан, вклучително и Босна и Херцеговина, соопшти ЕУФОР.

Минатата недела ЕУ одлучи да ги зголеми силите на ЕУФОР од 600 на 1.100 војници од Австрија, Бугарија, Романија и Словачка со цел да се спречи потенцијална нестабилност по рускиот напад на Украина.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана и приведени две лица

Редакција

Охрид полн во шпицот на летната туристичка сезона

Редакција

Од Ковид-19 починале две лица

Редакција