еМагазин
Image default
Свет

Неколку западни земји побараа суспендирање на Русија од Интерпол

Неколку западни земји, вклучително и Велика Британија и САД го повикаа Интерпол да ја суспендира Русија од меѓународната организација, изјави британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател.

Велика Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд побараа „итно суспендирање на пристапот на Русија до нејзините системи“, објави Пател на Твитер. Групацијата побара од извршниот комитет на Интерпол да донесе одлука оваа недела.

– Постапките на Русија се директна закана за безбедноста на поединци и за меѓународната соработка за спроведување на законот, додаде Пател.

Иако Пател не ја прецизираше причината за барањето, западните сојузници се обидуваат дипломатски и економски да ја изолираат Москва поради нејзината инвазија на источноевропскиот сосед Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

(Видео) Анонимуси хакираа руски телевизии, на Русите им пуштија снимки од руските воени дејствија во Украина

(Видео) Брутално тепање и апсење на Русите кои протестираат против војната во Украина

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Курц поднесе оставка поради корупциски скандал

Редакција

Папата Франциск предлага истополовите бракови да добијат благослов од Ватикан

Редакција

(Видео) Напната атмосфера во Русија: Полицијата апсеше на протестите на опозицијата

Редакција