еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До крајот на неделата студено, од понеделник постепен раст на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со температура до 3 степени Целзиусови.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, за утре се најавува променливо облачно и студено време. Утринските температури ќе бидат во интервалот од -10 до -2 степени, а максималната дневна од -1 до 6 степени.

Во Скопје слично време, со студено утро и температура од -4  и дневната до 5 степени.

Во земјава до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе бидат особено ниски, па на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, а најниски ќе бидат за време на викендот.

Постепен пораст на температурите ќе започне од понеделник.

Во сабота температурите ќе бидат: утринската од -12 до -3, а дневната од -2 до 6 степени, во недела од -13 до -3, односно од 0 до 8 степени.

Во понеделник од -9 до -1, односно од 3 до 10 степени и во вторник и среда студени утра со дневни температури од 5 до 12, односно од 6 до 13 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И двајцата новопочинати од коронавирусот биле со претходни заболувања

Редакција

Студено време денеска, со засилен северен ветер

Редакција

Вакцинација, негативен ПЦР тест или антитела – основните елементи нa „Дигиталниот зелен сертификат“ за движење низ ЕУ

Редакција