Бомбата во беспилотното летало, кое на 10 март се урна во Загреб, била со тежина од 120 килограми и експлодирала под земја, објави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).
Цитирајќи висок извор од хрватското Министерство за одбрана, националната телевизија наведе дека леталото од советско производство удрило во мека почва и затоа експлозијата се случила под земја.
Доколку дронот паднал врз асфалт и бетон, тоа би имало катастрофални последици, велат експертите.
Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ потврди дека во кратерот се пронајдени траги од експлозив и делови од авиобомба, што укажува дека урнатото летало не било во извидувачка мисија.
Според дел од воените аналитичари, не станува збор за авиобомба, туку за експлозија на специјален уред за самоуништување на опрема и податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА