еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Албанскиот јaзик и официјално ќе го има на полициските униформи

Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи со заедниците, Артан Груби на Фејсбук објави дека на денешната седница на Владата е усвоена измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик на униформите на полициските служби согласно законот.

„Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и на полициските униформи!

На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот“, напиша Груби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералшабот категорично побара Армијата да не се злоупотребува за политички цели

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Ефективни уставни измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ, тоа е последната и конечна позиција

Редакција

Уште двајца млади кавадарчани позитивни на Ковид-19

Редакција