еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ: Ефективни уставни измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ, тоа е последната и конечна позиција

Партнерството подразбира двонасочна улица и очекуваме така да бидеме третирани од страна на нашиот партнер ЕУ. Уставни измени според бугарски диктат, содржани во предлогот прифатен од владата на СДСМ и ДУИ нема да прифатиме. Ефективни уставни измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ, тоа е последната и конечна позиција на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека доколку ЕУ навистина сака, ова е одлична позиција за компромис и продолжување на процесот.

– Го охрабруваме Европскиот Совет сериозно да ја разгледа позицијата на ВМРО-ДПМНЕ и заедно да овозможиме иднина на македонските граѓани со сочувано достоинство и идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, посочуваат дека не биле дел од процесот со кој, како што велат, се создаде проблемот и прифати т.н., француски предлог.

– ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија и покрај тоа што не е дел од проблемот кој го направи владата на СДСМ и ДУИ се обидува во неколку наврати да го реши проблемот, и притоа сме целосно свесни за нападите од политичките лешинари силно спонзорирани од владата на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делегација на ЕУ: Македонија неможе да премине во следната фаза од преговорите без уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, спасија 38-годишна жена под урнатините во Турција

Редакција

Владата одобри, па Груби се повлече: Објектите на „Стара медицина“ во Тетово каде што учат македонски паралелки, нема да бидат дадени на Катастар

Редакција

Има многу барања за билатерални средби со Лавров, вели портпаролката на руското МНР, Захарова

Редакција