еМагазин
Македонија

Јани Макрадули доби судски спор против Сашо Мијалков пред Судот за човекови права во Стразбур

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска донесе три пресуди во однос на четири апликации поднесени против Република Македонија, информираат од Министерството за правда.

Како што соопшти Министерството, две од четирите апликации, беа поднесени од Јани Макрадули, и за нив има донесено една пресуда, во која ЕСЧП констатира повреда на правото на слободата на изразување.

Ваквата пресуда, во корист Јани Макрадули, е во врска со тужбата на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, за јавно изречена клевета.

– Судот во Стразбур утврди дека осудата на Макрадули, значи прекршување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, односно повреда на неговата слобода на изразување, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Според Судот, коментари во врска со имотот на јавни службеници, и нивна можна вклученост во неадекватни активности се однесуваат на значајни прашања од јавен интерес и истите се во согласност со начелата од членот 10 од конвенцијата.

Дополнително, според Судот, интервенцијата на државата во слободата на изразување на апликантот, а со цел заштита на угледот на поединци, во конкретниот случај претставува повреда на стандардите од член 10 од Европската конвенција за човекови права.

ЕСЧП на апликантот му досуди износ од 1.500 евра за надомест на нематеријална штета и 1.020 евра за трошоци во постапката.

Останатите две пресуди, „Хасани против Република Македонија“ и „Бајрамовски против Република Македонија“, судот ги прогласи за недопуштени поради неисполнување на критериумите од член 35 од конвенцијата, се вели во соопштението од Министерство за правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски ги потпиша указите за законите од петиот пакет мерки и одговори на прозивките од Мицкоски

Редакција

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Редакција

Димитриевски до Владата и пратениците: Народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род

Редакција