Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека окарактеризирањето на рускиот претседател Владимир Путин како „воен злосторник“ од страна на американскиот претседател Џо Бајден е „неприфатлива и непростлива реторика“.
Бајден во Вашингтон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина.
Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Бајден Путин е „воен злосторник“
СЗО потврди 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.