еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лавров: Крајна цел на Западот е заживување на униполарниот свет, САД сакаат да ги нарушат мировните преговори со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека крајната цел на Западот е „заживување на униполарниот свет“.

„Западот сака да го ограничи секој конкурент, сега тоа е Русија, а следната цел може да биде Кина. Нема сомнеж дека едно од правилата што Западот сака да го примени е да го ограничи секој конкурент. Сега тука е Русија, Кина е прогласена за следна, или сето тоа ќе се случи паралелно.

А, целта на овој светски поредок заснован на правила не е ништо друго освен целосно заживување на униполарниот свет“, рече Лавров во својот говор пред студентите во Москва.

Тој, исто така, ги обвини Соединетите Американски Држави дека сакаат да ги нарушат преговорите на Москва со Украина, чија цел е да се стави крај на речиси едномесечниот конфликт.

„Преговорите се тешки, украинската страна постојано ја менува својата позиција. Тешко е да се избегне впечатокот дека нашите американски колеги ги водат“, рече Лавров пред студентите, велејќи дека САД „очигледно сакаат да не држат во состојба на војна што е можно подолго“.

Според него, Русија не е против посредувањето на западните земји во преговарачкиот процес со Украина, но „Москва има јасни црвени линии“.

„Западните земји се особено склони да играат посредничка улога, ние не сме против тоа, но имаме апсолутно јасни црвени линии за кои зборуваме долги години“, рече Лавров.

Според него, целта е да се ограничи Русија, како и секоја друга земја која се однесува повеќе или помалку независно на светската сцена.

„Она што во моментов се случува во светот, се разбира, не е само поврзано со Украина, туку со обидите да се формира нов светски поредок“, нагласи рускиот министер Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави дека „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија, ќе плаќаат во рубљи за рускиот гас

(Видео) Кој е одредот Азов, што го брани Мариупол и зошто им е важно на Русите да го освојат оваа украинско пристаниште

(Вознемирувачко видео) Украина објави снимка од убиени руски „саботери“ во Киев

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавадарчанецот кој ја загрози сигурноста на градоначалникот Митко Јанчев оди во затвор

Редакција

Игор Ангеловски повеќе нема да биде селектор на македонската фудбалска репрезентација

Редакција

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

Редакција