еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија засега не сака да склучи примирје, бидејќи сака да ја изолира Украина од морето, вели Борел

Руската влада засега не сака да склучи примирје, бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

– Моментално, Русија не сака да седне да преговара за што било: она што таа сака е да ја окупира земјата. Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Таа сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила, рече Борел во интервју за шпанската ТВЕ.

Борел, исто така истакна дека Европската Унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош за украинската војска.

– Ова е важно, бидејќи сè ќе биде решено во следните 15 дена. Она што ќе остане запишано во историјата е способноста на Украинците да пружат отпор, потенцираше Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој е одредот Азов, што го брани Мариупол и зошто им е важно на Русите да го освојат оваа украинско пристаниште

Градоначалникот на Чернихив објави видео: Гробишта се полни, ги чуваме мртвите во мртовечници и ладилници

Видео од улиците на украинскиот град Мариупол го покажува ужасот на војната

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Француската амбасадорка во Софија потврди дека „францускиот предлог“ е истиот што го усвои бугарското Собрание

Редакција

Над 30% од семејствата во земјава се брачни парови без деца

Редакција

Стопанска банка Битола со добивка од 51,01 милион денари во првото полугодие

Редакција