еМагазин
Image default
Македонија

Сеад Кочан доби затворска казна од 6 години, „Трансмет“ и „Силекс неметали“ да платат 2 милиони денари

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан денеска во Кривичниот суд Скопје е осуден на шест години затвор за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, односно дека со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра, за што го товареше Специјалното јавно обвинителство.

Второбвинетиот Василие Авировиќ, во својство на управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ за истото дело доби три години затвор. Тој денеска не присуствуваше на изрекување на пресудата бидејќи не се чувствувал добро.Судијката Лидија Трајковска Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ, затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.За овој предмет од ноември лани беа одржани над 20 рочишта.

„Обвинетите свесно ги повредиле законските одредби, заради остварување имотна корист“, рече судијката Трајковска Зимбовска.

„Трансмет“ и „Силекс неметали“ се казнети со парична казна од по 2 милиони денари и забрана да учествуваат тендери три години. Ќе им се конфискува имот во вредност на тендерот од 17 милиони евра.

Судењето „Труст“ почна во ноември минатата година. Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот во завршните зборови се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кабинетот на Иванов отфрла вмешаност во собраниските настаните од 27 април

Редакција

Антикорупциска: Ќерките на Гошева, сопругата на Божиновски, таткото на Јанушев, братучетката на Милошевски вработени со непотизам

Редакција

Џафери денеска нема да биде избран за претседател на Собранието: Се собираат потписи за поддршка

Редакција