еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“: Боки-13 доби девет години затвор, Мандиќ четири, Ременски ослободена од обвинението

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска е прогласен за виновен за предметот „Меѓународен сојуз“, за што е осуден на единствена казна затвор од 9 години.

-Виновен е затоа што го сторил кривичното дело „Измама“ и „Перење пари“, истакна судијката Софче Гавриловска.

Јасна Мандиќ Ерцеговиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години.

Христина Блажевска пак е осудена на казна затвор од една година. Таа е ослободена од вина за кривичното дело „Измама“, но беше прогласена за виновна за помагање за извршување на делото „Перење пари“.

Фросина Ременски е ослободена од обвинението, а судијката истакна дека „јавниот обвинител не докажа дека обвинетата Ременски го сторила делото за кое се гонеше“.

Таткото на Бојан, Миле Јовановски пак е осуден на eдинствена условна казна од две години.

Невладиното правно лице Меѓународен сојуз е казнето со еден милион денари, а од обвинетите се одземаат предметите кои биле пронајдени во текот на истрагата и процесот. Судот пресуди и конфискација на имотна корист стекната или употребена за кривично дело.

Обвинетите се задолжени солидарно да им ја надоместат штетата на фирмите на бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски кои биле доведени во заблуда и од имотот на своите компании на Јовановски преку Македонска авторска агенција му исплатиле износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката Трајчева ќе ја обжали ослободителната пресуда за Ременски за „Меѓународен сојуз“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Втора нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски

Редакција

Владата на Црна Гора го отповика, Азески се заблагодари за функцијата почесен конзул

Редакција

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април“

Редакција