еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно и посвежо време со дожд, наместа со поројни и обилни врнежи

Времето денеска ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, а локално проследени со грмежи.

Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините на околу 1.200 метри надмосрка височина во западните и северните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Од утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштат и под нулата и ќе дува засилен северен ветер. Најстудено ќе биде во вторник наутро, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако почувствувате некој од овие симптоми можно е да е Ковид-19 и јавете се на матичен лекар, препорачуваат од Министерство за здравство

Редакција

Започна летното сметање на времето, часовникот поместен еден час нанапред

Редакција

Вакцинација против сезонски грип почнува од вторник

Редакција