еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради немање лиценца затворена дискотеката пред која се случи убиството на хрватскиот ракометар

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) денеска присилно ја затвори дискотеката „Централ парк“, поранешна „Привилиџ“, потврди за МИА директорката на ДИП, Анета Симеска.

Симеска појасни дека за дискотеката „Централ парк“, по извршени инспекциски надзори, во февруари било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно.

Бидејќи сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, денеска ДИП присилно ја затворило дискотеката.

Пред дискотеката „Централ парк“ минатата недела се случи инцидентот со хрватскиот ракометар Денис Тот.

Симеска нагласи дека затворањето на дискотеката не е поврзано со настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Распишана меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски за убиството на хрватскиот ракометар

Спасовски со детали за убиството на хрватскиот ракометар: Причината според исказите е недоразбирање на девојката и момчето

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од убиството на хрватскиот ракометар, само едно лице се обидува да му помогне

Фото: Фејсбук/ДПИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс-директорот на Централен, Поповски и давал плата на вработена, а таа работела во партија

Редакција

Која е бугарската фирма “Scalefocus“ која ја изработи апликацијата за самопопишување на дијаспората

Редакција

Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе спроведе референдум за присоединување кон Русија

Редакција