еМагазин
Image default
Бизнис

МОН распиша огласи за вработување на 500 образовни асистенти, нето месечна плата 24.000 денари

Во петте основни училишта со ресурсен центар во тек се јавни огласи за вработување на 500 образовни асистенти, кои од есен ќе им бидат поддршка на учениците со атипичен развој вклучени во редовна настава, информираат од Министерство за образование и наука.

„На огласите можат да се јават сите лица кои имаат завршено образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, како и оние кои исполнуваат услови за наставник во одделенска и предметна настава.

Образовните асистенти ќе бидат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите/старателите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот. Тие истовремено треба да ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата.

Месечните примања согласно огласите изнесуваат 24.208 денари. Од вкупно 40 работни часови неделно, образовните асистенти треба 20 до 30 часа да посветат на директна поддршка на ученикот и наставникот, а останатите за подготовка и организација на сопствената работа,“ се вели во соопштението.

Огласите покрај објавите во јавните гласила, може да се поггледнат и на интернет страниците на Основните училишта со ресурсен центар.

ОУРЦ „Златан Сремец“ – Скопје: zlatansremec.edu.mk.

ОУРЦ „Иднина“ – Скопје: Јавен оглас за вработување на определено работно време на 130 стручни соработници – приправници – образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование.

ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола: Јавен оглас за вработување на приправници образовни асистенти за ученици со попреченост во основното образование. – Завод Кочо Рацин Битола.

ОУРЦ „Климент Охридски“ – Ново Село: novoselo.gov.mk.

ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ – Велес:poumacaovcarovaveles.edu.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синиша Најденов предложен за член на Одборот на директори на „Пелистерка“

Редакција

Витаминка за шест месеци има инвестиции од 531,4 милиони денари и 63 нови вработувања

Редакција

Можни нови построги мерки, ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени

Редакција