еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Корупција во владините редови, пренатрупани затвори, закани за новинарите: Што пишува во Извештајот на Стејт департментот за Македонија

Случаи на сериозна корупција во владините редови, пренатрупани затвори, закани за насилство врз новинарите, прекумерена употреба на сила од страна на полицијата… се дел од забелешките нотирани за Македонија во Извештајот за состојбата со човековите права на Стејт департментот во Македонија.

Во извештајот се вели дека Владата презела чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, но и дека невладините организации сметаат дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција, потенцирајќи дека Владата е најголемиот работодавач во земјата.

Како пример за владини функционери вмешани во корупција е спомнат случајот со Драги Рашковски при набавката на софтвер за следење на сообраќајот за МВР..

Во извештајот во овој дел е нотирана и изјавата на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска дека мал број нивни предмети завршуваат со судска разрешница и дека судството и Јавното обвинителство немаат доволно финансии и вработени.

Во извештајот е посветено и внимание на одговорот на органите на прогонот и судските органи на случаите на насилство и заплашување на новинарите и се пренесува ставот на Здружението на новинари на Македонија дека одговорот на државата на случаите на насилство од трета страна и заплашување на новинари бил бавен и неефикасен.

Стејт Департментот потенцира дека медиумите и известувањата во голема мерка се поделени по политички линии, но се зголемува и бројот на независни медиуми кои активно изразуваат различни ставови без очигледни ограничувања.

Во Извештајот се нотираат и лошите услови во затворите, за што Македонија досега доби лоши оценки од бројни меѓународни институции, како и прекумерната употреба на сила од страна на затворските чувари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако автобусот на Беса Транс немал лиценца преминувањето граници можеби било нелегално, велат од Европска комисија

Редакција

Еврокомесарот Вархеји ќе се сретне со преставниците на македонските Бугари, Георгиевски, Колев и Трендафилов

Редакција

СЈО препорача куќен притвор и за Сашо Мијалков

Редакција