еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Почнува поднесувањето барања за поддршка од земјоделскиот Интервентен фонд

Земјоделските стопанства од денеска ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка од Програмата за спроведување на Интервентниот фонд, соопшти Платежната агенција.

Со Програмата е предвидена финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња, за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет, како и за одгледување кокошки несилки, за што се обезбедени 400 милиони денари.

Барањата за финансиска поддршка за вештачки ѓубриња ќе се поднесуваат најдоцна до 31 мај 2022 година, а барањата за несилки до 30 април 2022.

-Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата.

Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 1 декември 2021 година до 31 мај 2022 година, наведува Агенцијата.

Висината на финансиската поддршка изнесува 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед, односно 4.000 денари по хектар за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре. Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по хектар за користено течно ѓубре. Исплатата ќе се врши еднаш неделно, по обработка на примените барања.

Според Агенцијата, барањата за финансиска поддршка за одгледување несилки ќе се поднесуваат со рачно пополнување. Притоа, треба да се достави потврда за бројна состојба на кокошки несилки издадена од официјален ветеринар. Висината на финансиската поддршка е 60 денари по несилка.

Финансиската поддршка за предадено јагне и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет ќе се извршува врз основа на податоци кои до Агенцијата ќе ги доставуваат регистрираните кланични капацитети, без претходно поднесено барање.

Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по грло предадено јагне во период од 1 јануари до 31 мај 2022 година.

Висината на финансиската поддршка изнесува 1.500 денари по гоеница со тежина над 90 килограми заклана во период од 1 февруари до 30 април 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Национален план за производство на храна: Каква поддршка ќе добијат земјоделците и како ќе ја користат

Кризата со храна ја потенцира важноста на домашното производство: Што ги одвраќаа земјоделeците од нивите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одобри 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи

Редакција

Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат паушал ако живеат во нив

Редакција

Сите детали: Колку пари граѓаните ќе може да си вратат со повратот на ДДВ

Редакција