еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Британски суд одобри екстрадиција на Асанж во САД, конечна одлука ќе носи тамошното МВР

Британски суд денеска официјално ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, каде тој е обвинет за шпионажа, а конечната одлука ќе ја донесе извршната власт во Лондон.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател треба да ја донесе конечната одлука за испорачувањето на Асаж во САД, кој има и право на жалба.

Минатиот месец британскиот Врховен суд не му дозволи на Асанж да поднесе жалба на пресудата од понискиот суд, со која се отвори можност тој да биде екстрадиран.

Асанж со години се обидува да избегне судење во САД, каде што е обвинет за објавување голем број доверливи документи пред повеќе од една деценија.

Неговите адвокати имаат рок од четири недели да му претстават своите аргументи пред министерката Пател, а можат да побараат и поднесување жалба до повисока судска инстанца.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Охридската болница, ќе биде разрешена поради случајот со почината жена од Струга

Редакција

Владата го менува законот за финансиска дисциплина: Нови правила за доцнење во исплатата

Редакција

Убава вест: Бројката на оздравени е поголема од новозаболените и изнесува 172

Редакција