Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека има шумски пожар во непосредна близина на туристичката населба Елен Камен покрај с.Радожда.
„Се интервенира со две противпожарни возила и шест пожарникари и тројца вработени во ШС Јабланица-Струга. Гори дабова и ниско стеблеста шума.
Проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден. Моментално нема опасност од загрозеност на објекти, но поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта,“ информираат од ЦУК.
Фото: Министерство за економија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.