еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Независноста на Доњецк и Луганск е по примерот на косовскиот преседан, му кажал Путин на Гутереш

Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната средба во Москва му кажал на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република станале независни по аналогија со одлуката на Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата на Косово која, како што истакнал, сите ја поддржале, пренесуваат светските агенции.

„Лично ги прочитав сите документи на Меѓународниот суд на правдата за ситуацијата на Косово. Добро се сеќавам на одлуката на Меѓународниот суд, која вели дека во остварувањето на правото на самоопределување одредена територија на која било држава не е обврзана да побара дозвола од централните власти на земјата за да прогласи суверенитет.

Тоа беше кажано за Косово, а ова е одлука на Меѓународниот суд. И оваа одлука сите ја поддржаа“, кажал Путин.

Тој додал дека Доњецк и Луганск го имаат истото право да се изјаснат за својот суверенитет без дозвола од централната власт „бидејќи е создаден преседан“.

Фото: Гутереш/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Центар Жупа обезбеден цензус, старо нов градоначалник Аријан Ибраим

Редакција

Данска со 6 милиони жители има 122 здравствени институции, a Македонија 1.200, не може ни Швајцарија да ги одржи, вели Меџити

Редакција

Штипјанка доби коскено ткиво од починат донор

Редакција