Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-март 2022 година на Алкалоид АД Скопје изнесуваат 218.577 илјади денари, што е за 22% повеќе во споредба со истиот период во 2021 година, информираат од компанијата во финансискиот извештај за овој период, објавен преку Македонската берза.
“Во периодот јануари-март 2022 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 99 нови вработувања во Р.С.Македонија.
Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2022 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 30.000 денари.
Групацијата Алкалоид брои 2.619 вработени, од кои 2.015 се во базата во Скопје, а 604 се вработени во подружниците во странство“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст на добивката и приходите на Алкалоид во првите три месеци
Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 10% споредно со 2020
Фото: Алкалоид