еМагазин
Image default
Македонија

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се на избирачки список

Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека јавниот увид на податоците на избирачкиот список ќе започне на ден 9 август и истиот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.

„Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот, тоа да го направат на следните начини:

–          на веб страницата на Државната изборна комисија https://izbirackispisok.gov.mk/  и
–          во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија“, се вели во соопштението на ДИК.

Во него се додава дека Избирачкиот список кој се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември  2018 година станале полнолетни.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија може да се најдат на следниот линк:  http://www.sec.mk/kontakt/

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Збунети лица и исчекување на седницата на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Редакција

Макрон разговарал и со Радев: Да се поттикнат Бугарија и Македонија брзо да продолжат со дијалогот за спорот

Редакција

Антикорупциска со прекршочни постапки за градоначалниците на Гази Баба и Штип

Редакција